Лери Кинг хоспитализиран поради коронавирус

пред 3 години

Познатиот телевизиски новинар и водител, Лери Кинг имал позитивен тест на коронавирус и е сместен во болница во Лос Анџелес. Тој е таму најверојатно веќе една седмица. Веста дека е на болничко лекување се појави на 1. јануари, но дури денеска доби потврда.

Неговиот претставник не даде детали, само изјави дека Кинг водел многу здравствени битки во последните години и дека и сега води една таква. Лери Кинг кој има 87 години имаше сериозни здравствени проблеми вклучувајќи и срцеви удари.

Лери Кинг од 1985 до 2010 година работеше на Си Ен Ен и направи бројни интервјуа со највлијателните и најславните личности во светот.

Scroll to Top