Летонија запленува автомобили од пијани возачи и ѝ ги подарува на Украина

пред 1 година

Летонија почна да запленува автомобили од пијани возачи оваа година, а бидејќи стотици возила почнаа да ги преполнуваат складиштата, властите одлучија да им ги испратат на украинската војска и болниците, пишува „Ројтерс“.

Вчера се испратени седум автомобили за Киев, а во последниве два месеци, во балтичката земја со 1,9 милиони жители над 200 автомобили биле земени од возачи кај кои биле откриени нивоа на алкохол во крвта над 0,15%.

„Всушност е многу страшно кога ќе сфатите колку возачи возат пијани“, рече Реинис Познакс, основач на невладината организација која е задолжена од владата да ги испорача возилата во Украина.

„Никој не очекуваше дека толку голем број луѓе возат пијани, а не можат да ги продадат толку брзо. Затоа, дојдов со идеја – да ги испратам во Украина“, рече Познакс.

Тој раскажува дека во едно од возилата пронашол закачено руско знаме, кој го оставил таму неговиот сопственик. Минатата година 4.300 возачи биле фатени како возат над дозволеното на патиштата во Летонија, соопшти полицијата, а изминатата година се случиле речиси илјадници несреќи на патиштата.

Scroll to Top