САД ѝ испраќаат на Украина противвоздушна одбрана во вредност од 275 милиони долари

пред 1 година

Соединетите држави се подготвуваат да испратат воена помош на Украина во вредност од 275 милиони долари, што ќе и овозможи да се брани од беспилотни летала и да ја зајакне својата противвоздушна одбрана, се вели во документот што го видел Ројтерс во четвртокот.

Вестите за помошта би можеле да бидат објавени уште во петок, но деталите за опремата за противдрон и противвоздушна одбрана сè уште не се познати.

Според документот, се очекува Пентагон да вклучи проектили за системот HIMARS од Локхид Мартин, муниција од 155 милиметри, воени возила Хамви и генератори. Портпаролот на Советот за национална безбедност одби да го коментира пакетот помош. Обемот и вредноста на пакетот помош може да се менуваат додека не биде потпишан од претседателот.

Износот од 275 милиони долари ќе биде покриен со претседателските овластувања кои им дозволуваат на САД да ја префрлат одбранбената опрема од залихите без одобрение од Конгресот во итен случај.

Целта на руските ракетни напади во Украина е делумно да се исцрпат резервите на украинската воздушна одбрана и да се добие доминација во воздушниот простор над таа земја, изјави висок функционер на Пентагон во ноември.

Со цел да одговорат на овие напади, САД испратија во Украина софистицирани противвоздушни системи НАСАМС, кои функционираат веќе неколку недели.

Претставничкиот дом на САД во четвртокот изгласа да обезбеди најмалку 800 милиони долари дополнителна воена помош за Украина во текот на следната година,пренесуваат медиумите.

Scroll to Top