Лејди Гага ќе ја пее химната на инаугурацијата на Бајден, ќе настапи и Џеј Ло

пред 3 години

Свечената програма на инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден ќе биде збогатена со настапот на Лејди Гага, која ќе ја изведе американската химна, како и со мини-концерт на Џенифер Лопез, јавија денеска американските медиуми.

Двете поп ѕвезди се само последните славни имиња што го потврдија настапот на свеченото преземање на должноста претседател на САД од страна на Бајден, закажано за 20 јануари.

Претходно беше соопштено дека во рамките на церемонијата ќе биде организирана 90-минутна програма со наслов „Ја славиме Америка“, која ќе ја води актерот Том Хенкс, а меѓу музичките ѕвезди кои досега беа најавени се и: Џон Бон Џови, Џастин Тимберлејк, Деми Ловато и Ент Клемонс.

Scroll to Top