Минеаполис: Стотици луѓе протестираа поради убиство на Афроамериканец

пред 3 години

Стотици демонстранти се собрале денеска во Минеаполис барајќи правда поради убиството на 23-годипниот Афроамериканец Долал Ид.

Тоа е прв ваков случај по убиството на Џорџ Флојд во мај минатата година, по што следеа големи протести низ САД.

Дури илјада демонстранти маршираа и скандираа вчера во близина на местото каде беше убиен Ид минатата средата при обидот на полицијата да го запре.

Шефот на полицијата Медариа Арадондо објави снимка од 27 секунди, снимена од еден полицаец, истакнувајќи дека на неа се гледа оти Ид прв отворил оган.

Scroll to Top