Москва итно реагираше за американските напади во Сирија: Напаѓате суверена држава, се заканува огромен конфликт

пред 3 години

Русија денеска експресно реагираше на веста дека американскиот претседател Џо Бајден наредил воздушни напади врз Сирија.

Рускиот сенатор и претставник на Советот на Федерацијата, Владимир Џабаров, изјави дека станува збор за бомбардирање на суверена држава, јавија руските медиуми.

-Овој напад е спротивен на сите закони. Сирија е суверена држава. Не ја исклучувам можноста официјален Дамаск да се обрати пред Советот за безбедност со барање на вонредна седница да се дискутира за нападот, рече Џабиров.

Тој, исто така, кажа и дека ова е многу опасна работа и дека може да доведе до ескалација на ситуацијата во целиот регион.

-Сето ова може да доведе до голем судир, предупреди Џабаров.

Scroll to Top