Руски авиони извршија напади во северозападна Сирија во близина на границата со Турција

пред 3 години

Руски борбени авиони погодија области во близина на густо населени градови и кампови во северозападна Сирија под контрола на опозицијата во близина на турската граница, соопштија денеска очевидци и извори на бунтовниците. Ова се први такви напади годинава.

Извори велат дека руска ракета земја-земја го погодила и градот Ках, додедка руските воздушни напади се приближиле до густо населените бегалски кампови долж границата со Турција.

Портпарол на Националната армија, бунтовнички сојуз поддржан од Турција на северозапад, нагласи дека Русија, која ја поддржува владата во Дамаск, се обидела да го дестабилизира последното упориште на бунтовниците во Сирија, но ракетите не укажуваат на голем напад врз Идлиб.

Турското Министерство за одбрана претходно соопшти дека пет лица се убиени и 10 повредени во артилериски напад на владините сили врз болница во северозападна Сирија, каде Турција има воено присуство.

Scroll to Top