Над три милиони Грци се економски неактивни – ниту работат, ниту бараат работа

пред 3 години

Грчката служба за статистика денеска ги објави податоците за невработеноста во Грција за месец септември што изнесува 16,1 отсто и е намалена за помалку од еден процент во споредба со истиот период лани.

Во 2019 година оваа стапка изнесувала 16,9 отсто, а во август годинава – 16,5 проценти.

Процените се дека во септември годинава вработени биле 3.880.667 лица, невработените се 746.951, додека пак 3.259.023 граѓани се економски неактивни, односно лица кои ниту работат, ниту пак бараат работа.

Scroll to Top