На протестите во Белорусија за време на викендот уапсени околу 500 лица

пред 4 години

Полицијата во Белорусија уапси на демонстрациите против претседателот Александар Лукашенко изминатиот викенд уапси околу 500 лица.

<!–// –>

Минск, 28 септември 2020 (МИА) – Полицијата во Белорусија уапси на демонстрациите против претседателот Александар Лукашенко изминатиот викенд уапси околу 500 лица.

Белоруското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека 150 демонстранти биле приведени во саботата, а вчера повеќе од 350.

Протести се одржаа во 22 града во Белорусија.

Вчера на протестот во Минск присуствуваа околу 100.000 луѓе.

Според групата за човекови права „Весна“, сузбивањето на демонстрациите овој викенд не било толку насилно како порано.

<!–//

„Весна“ претходно соопшти дека полицијата во неколку градови во Белорусија уапсила и истакнати белоруски новинари.

<!–//

По официјалното објавување на резултатите од претседателските избори во Белорусија на 9 август и наводната убедлива победа на претседателот Александар Лукашенко, опозицијата, но и најголемиот дел од меѓународна јавност обвинија за фалсификување на изборните резултати. САД и ЕУ соопштија дека не го признаваат Лукашенко за легитимен претседател на Белорусија.

Оттогаш, во Белорусија се одржуваат протести, со чести судири меѓу демонстрантите и припадниците на белоруските безбедносни сили. јт/

<!–// –>

Извор: mia.mk

Scroll to Top