Уапсени 53 лица на протестите во Белорусија

пред 4 години

Белоруската полиција соопшти дека употребила солзавец и шок бомби за да ги растера, како што велат, „непослушните демонстранти“ во градот Гомел.

Така спречила пробивање на полицискиот кордон, пренесе агенцијата ТАСС.

Во Белорусија и денес продолжија протестите против резултатите од претседателските избори, на кои убедливо победи Александар Лукашенко, што опозицијата и Западот не го признаваат.

Полицијата досега уапси најмалку 53 лица низ целата земја, објави групата за човекови права Весна, пренесува Ројтерс.

Извор: makfax.com.mk

Scroll to Top