Неколку случаи на силни алергиски реакции меѓу вакцинираните за Ковид-19 во САД

пред 3 години

Американските здравствени власти соопштија дека има шест случаи на сериозни алергиски реакции меѓу повеќе од 250.000 луѓе вакцинирани против коронавирус.

Центарот за контрола и превенција на болести изјави дека до саботата наутро, повеќе од 272.000 луѓе биле вакцинирани со вакцината на Фајзер.

Шест случаи на алергиски реакции се пријавени до петокот навечер, вклучително и кај лица со историја на реакции на вакцини.

Здравствените власти продолжуваат да ги следат сличните ефекти.

Според нив, сите случаи на алергиска реакција се појавиле во препорачаното време на набудување и биле итно третирани. Властите посочија дека лицата со тешка форма на алергиска реакција не би требало да ја примат вакцината без консултација со лекар.

Помалку сериозни несакани ефекти се исто така ретки. Меѓу првите 215.000 лица вакцинирани во САДи, помалку од 1,5 проценти имале проблеми за кои е потребна медицинска нега или не биле во можност да вршат нормални активности.

Многу вакцини можат да предизвикаат привремена непријатност, како што се болка во раката или симптоми слични на грип.

Вакцините против Ковид-19 имаат повеќе такви симптоми отколку вакцините против грип, а некои болници го одолговлекуваат вакцинирањето на вработените за да избегнат проблеми со персоналот.

Scroll to Top