Нова руска вакцина против Ковид-19, истражувачкиот центар „Шумаков“ поднесува барање за регистрација

пред 3 години

Рускиот Научен центар за истражување и развој на имунолошки и биолошки препарати „Шумаков“ при руската Академија на науките подготви вакцина против Ковид-19, од која во рок од 28 дена се развива имунитет на вирусот, изјави руската вицепремиерка Татјана Голикова на прес-конференција.

– Резултатите од клиничките истражувања покажаа дека оваа вакцина е апсолутно безбедна. Повеќето волонтери во рок од 28 дена по вакцинирањето развија одржлив имунитет на Ковид-19, истакна Голикова.

Таа најави дека центарот „Шумаков“ в среда ќе поднесе барање за регистрација на вакцината до руското Министерство за здравство.

Scroll to Top