Нов Зеланд ќе ја легализира еутаназијата, но не и марихуаната

пред 4 години

Граѓаните на Нов Зеланд на референдум се изјаснија против легализација на марихуана во рекреативни цели, покажуваат првичните резултати.

Околу 53 проценти од граѓаните гласале „против“,а 46 се изјасниле „за“ легализација на марихауната.

Рекреативната употреба на марихауаната е легализирана или декриминализирана во Канада, Јужна Африка, Уругвај, Грузија и неколку американски сојузни држави.

Додека граѓаните на Нов Зеланд на референдум се изјаснија за легализација на еутаназијата, покажуваат денеска објавените прелиминарни резултати.

Според првичните резултати 65,2 отсто од граѓаните го поддржаа Законот за еутаназија, со кој им се овозможува на смртно болните луѓе, кои немаат повеќе од шест месеци живот да умрат со асистенција, ако тоа го одобрат двајца лекари.

Предвидено е Законот да стапи во сила во ноември 2021 година. Закон за еутаназија имаат Канада и Холандија.

Scroll to Top