Ограбен рускиот стратешки команден авион Ил-80

пред 3 години

Крадци успеале да ограбат рускиот воен авион Иљушин 80, кој служи како стратешки команден авион на руските вооружени сили во случај на нуклеарен конфликт, познат како „авион за судниот ден“.

Според руските медиуми авионот бил во регионот Ростов поради планираната модернизација и доградба, a на 4 декември беше пријавено дека се пронајдени траги од отворање на отворот за товар. Од авионот е украдена комуникациската опрема.

Авионите Ил-80 наменети се за претседателот, министерот за одбрана и другите членови на највисокото воено раководство во случај на нуклеарен судир, ако се уништени или оштетени контролните структури. Од командното место во авионот Ил-80 претседателот на Русија може да издава наредби, вклучително и наредба за употреба на нуклеарно оружје.

Scroll to Top