Од Франција за четири месеци протерани 48 радикализирани странци

пред 4 години

Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманан, изјави дека од 1 јули од земјата се протерани вкупно 48 странци со нерегилиран статус и осомничени за радикализација. Во средината на октомври, министерот за внатрешни работи потврди дека Франција сака да протера од својата територија 231 странци со нерегилиран статус заради нивната радикализација.

-Покрај 48 протерувања, половина од овие 231 лице сега не претставуваат опасност, рече министерот. Педесет од нив во моментов се наоѓаат во административен притворски центар и чекаат протерување, а 43 други се во домашен притвор.

– Има уште над сто странци со нерегилиран статус, за кои се сомневаме дека се радикализираат на националната територија, додаде Дарманан на Франсинфо.

Министерот рече дека се надева оти неговите патувања во Мароко, Тунис, Алжир и овој четврток во Русија, земјата најзастапена меѓу радикализираните странци во Франција, „ќе ги забрза овие протерувања“. Овие посети, за време на кои тој им претстави на властите список на лица кои треба да бидат протерани, „веќе дадоа резултати“, рече тој.

Од почетокот на петгодишниот мандат на Емануел Макрон од Франција се протерани вкупно над 450 странци со нерегулиран статус, а кои биле регистрирани во досието за предупредувања за спречување на терористичка радикализација, потсети министерот за внатрешни работи.

Scroll to Top