ОН: Русија веднаш да ги повлече трупите од Крим

пред 3 години

Советот за безбедност на Обединети нации изгласа резолуција со која се бара повлекување на руските војници од Крим и „без одложување да стави крај на привремената окупација на украинската територија“.

Од 193 земји-членки на ОН, 63 гласаа „за“, 17 се изјаснија „против“, а 62 беа „воздржани“.

Резолуцијата не е правно обврзувачка, но е одраз на светското мислење односно поддршка пружија западните земји и нивните сојузници, додека на руска страна беа државите како Кина, Куба, Венецуела, Иран и Сирија.

Русија испрати трупи на Крим и го анектира полуостровот во 2014 година и го поддржа населението во Источна Украина за отцепување од државата. Во судирите загинаа околу 14.000 луѓе, а од јули во сила е прекин на огнот.

Со Резолуцијата се „осудува руската окупација на Крим и Севастопољ“, потенцирајќи дека „не ја признава руската анексија на Крим со сила и со кршење на меѓународниот закон“.

Scroll to Top