Парлер го тужи Амазон

пред 3 години

Социјалната мрежа Парлер поднесе тужба против технолошката компанија Амазон, тврдејќи дека со нејзината суспензија донела незаконска и полтички мотивирана одлука во корист на компанијата Твитер.

Во тужбата поднесена до Окружниот суд во градот Сиетл, компанијата Парлер наведува дека Амазон и причинил тежок удар со прекин на услугите за веб хостинг, откако Епл и Гугл ја прекинаа дистрибуцијата на нивните апликации.

Со судската тужба Парлер бара од Амазон тројна отштета, враќање на претходниот статус и услугите кои претходно ги договорил. Исто така, бара и парична отштета, тврдејќи дека имал повеќе од 12 милиони корисници, а загубил милиони, во момент кога американскиот претседател во заминување Доналд Трамп им сугерирал на конзервативните приврзаници да ја заменат социјалната мрежа Твитер со Парлер.

Истовремено, компанијата Амазон е обвинета за лицемерство поради недовербата во врска со способностите на Парлер за контрола на работата на платформата, вклучувајќи отстранување на содржини кои поттикнуваат насилство.

Scroll to Top