Песков: Путин уште не ја примил вакцината, но тоа нема да влијае лошо врз нејзиниот углед

пред 3 години

Одложувањето на одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја прими вакцината против коронавирусот на никаков начин нема да има лошо влијание врз руската вакцина, изјави денеска за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Апсолутно не“, рече Песков, а пренесе „Тасс“.

Портпарол на Кремљ истакна дека Русија веќе започнала со вакцинирање на населението, додека производството на вакцини се зголемува.

Песков вчера изјави дека Путин најверојатно ќе ја објави одлуката за примање вакцина против коронавирусот во блиска иднина.

„Треба да очекуваме претседателот да ја објави одлуката во блиска иднина“, рече Песков во интервју за телевизијата „Русија 1“.

„Тој (Путин) рече дека ќе ја прими вакцината и дека ја донел таа одлука и дека чека да бидат решени сите формални прашања“, додаде Песков.

Руското Министерство за здравство претходно ја одобри употребата на вакцината против коронавирус „спутник 5“ за лица постари од 60 години.

Scroll to Top