Песков: Путин е во одлична состојба, помогна и вакцинацијата

пред 3 години

Рускиот претседател Владимир Путин е во одлична физичка состојба, а вакцинацијата му помогна да ја одржи таа состојба, изјави неговиот портпарол Дмитриј Песков.

„Само ќе кажам дека претседателот е во одлична физичка состојба и вакцинацијата му помогна да ја одржи. Тоа е сè што ќе ви кажам“, рече Песков пред новинарите.

Тој не навлезе во детали за тоа дали Путин примил вакцина против грип минатата есен.

„Слушајте, само ме прашувате за медицинската историја на претседателот“.  Песков беше огорчен, потсетувајќи дека тој не е лекар на шефот на државата.

Scroll to Top