Путин ја прими првата доза од вакцината против Ковид-19

пред 3 години

Рускиот претседател Владимир Путин ја прими првата доза на вакцина против коронавирусот.

„ Путин беше вакциниран. Се чувствува добро. Утре е ден полн со обврски“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков претходно изјави дека нема да открие која вакцина ја примил Путин, бидејќи, како што наведува, сите три руски вакцини се сигурни и ефикасни, пренесуваат руските агенции.

За разлика од многу светски лидери, Путин не се вакцинираше пред камерите, а Песков вели дека на рускиот претседател не му се допаднала таа идеја.

Вакцинацијата стави крај на повеќемесечните шпекулации за тоа дали тој веќе ја примил вакцината и дали ќе го стори тоа, пренесуваат медиумите во Русија.

Scroll to Top