Повеќе од 47.000 бегалци се вратија во Нагорно Карабах

пред 3 години

Повеќе од 47.000 бегалци се вратија во своите домови во Нагорно Карабах од крајот на конфликтот во регионот, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во изминатите 24 часа 60 лица пристигнале во Степанакерт од Ереван, придружувани од руски мировници.

Договорот за прекин на огнот беше потпишан на 9 ноември, а руските набљудувачи се распоредени долж линијата на контакт во Нагорно Карабах и коридорот што ги поврзува Ерменија и Нагорно Карабах.

Scroll to Top