Повозразните луѓе вакцинирани со АстраЗенека и Фајзер имаат за 80 отсто помали шанси да завршат во болница

пред 3 години

Една доза од вакцините на АстраЗенека/Оксфорд или Фајзер/БиоНТек против Ковид-19 ги намалува шансите за болничко лекување за повеќе од 80 отсто, покажува анализата на податоците добиени од луѓе кои се веќе вакцинирани, спроведена во Англија.

Податоците на јавното здравство во Англија за луѓето на возраст над 80 години, кои се меѓу групите најранливи се совпаѓаат со оние во Шкотска.

Секретарот за здравство Мат Хенкок истакна дека наодите се „многу силни“.

Тој додаде и дека со вакцинацијата може да се објасни зошто бројот на приеми во одделите за интензивна нега поради Ковид-19 за луѓето над 80-годишна возраст во Велика Британија е „намален на едноцифрен број во последните неколку недели“.

Повеќе од 20 милиони луѓе ја примиле првата доза од вакцината против коронавирус во Велика Британија, односно над една третина од возрасната популација.

Scroll to Top