Повторно насилни протести во Тирана, ангажирани 1.500 полицајци

пред 3 години

Вечерва во Тирана и во многу градови во Албанија повторно беа одржани протести за убиството на 25-годишниот Клодијан Раша од страна на полициски специјалец.

Протестите во Тирана,кои се одржуваат по трет ден, уште од самот почеток се карактеризираа со насилно однесување на учесниците,со фрлање тврди предмети врз полициските службеници, објектите на Министерството за внатрешни работи и Владата, но и на други државни институции.

Но, полицијата веднаш интервенираше со солзавец и водени топови,па насобраните се разотидоа многу побрзо од претходните денови, оставајќи пустош зад нив. Искршени се киосци, голем дел од новогодишното украсување и други јавни објекти во центарот на градот.

На терен беа распоредени 1.500 полициски службеници, двојно повеќе од вчера, побројни беа и цистерните со вода и блиндираните возила.

По оставката на министерот за внатрешни работи, Сандер Лешај, сега протестантите бараат реформи во државната полиција и оставка од генералниот директор на полицијата Арди Велиу.

Во останатите градови во земјата главно млади маршираа со запалени свеќи во раце.

Scroll to Top