Потврден вториот случај на индискиот сој коронавирус во Грција

пред 3 години

Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ) денеска соопшти дека во земјата е потврден втор случај на сојот Β.1.617.1 што преовладува во Индија.

Првиот случај на индиската мутација беше потврдена во петокот во градот Патра, а вториот е во Атина, откриен при рапид тестовите што ги спроведуваат мобилните единици на ЕОДИ.

Станува збор за 33-годишна жена, странски државјани, која живее во Атина, а на 4 април се вратила од Дубаи со негативен ПЦР тест направен пред заминувањето.

По пристигнувањето во Грција се појавиле првите симптоми, но не било потребна хоспитализација, а во тек е проверка на контактите на жената.

Според Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ) конкретниот вид Β.1.617.1, има низа мутации вклучувајќи ја и комбинацијата E484Q и L452R.

Кај вториот случај на индискиот сој, потврдени се и двете мутации, а потекнува од областа Махараштра во Индија.

Scroll to Top