Макрон ќе му оддаде почит на Валери Жискар Д’Естен вечерва преку телевизијата

пред 3 години

Шефот на француската држава Емануел Макрон, ќе и се обрати на француската нација вечерва за да му оддаде почит на поранешниот претседател на Републиката Валери Жискар Д’Естен, кој почина минатата ноќ како последица од Ковид-19, јави дописникот на МИА.

Емануел Макрон вечерва ќе треба да го поздрави споменот на Валери Жискар Д’Естен, поранешниот претседател на Република кој исчезна ноќта од среда до четврток. Актуелниот шеф на државата веќе изрази сочувство во соопштението за печатот, испратено во текот на ноќта, во кое му оддава почит на неговиот претходник чиј „седумгодишен мандат ја трансформираше Франција“.

-Овој огромен служител на државата беше инспектор за финансии, градоначалник, француски и европски пратеник, министер, регионален претседател, член на Уставниот совет, академик и претседател на Републиката. Тој така работеше за општ интерес 65 години, на сите нивоа на нацијата. Без разлика на функцијата тој и служеше на Франција , рече Емануел Макрон во долгиот текст.

-Ореинетаците што тој и ги даде кон Франција сè уште ги водат нашите чекори. Слуга на државата, политичар за напредок и слобода, неговата смрт е жалост за француската нација, додаде сегашниот шеф на државата.

– Валери Жискар Д’Естен, на кого Мопасан и Бодлер му беа ненадминливи водичи, конечно беше човек на словото. Автор на есеи, романи и мемоари, тој беше избран во Француската академија во 2003 година и никогаш не престана да ја негувааубовта кон нашиот јазик , напиша Макрон.

Емануел Макрон исто така го одложи своето интервју за 24 часа, за онлајн медиумот Брут, првично закажано за овој четврток попладне, во кое тој сакаше да дебатира со млади Французи.

Scroll to Top