Првпат по 10 месеци во Израел нема починати од Ковид-19

пред 3 години

Првпат по 10 месеци во Израел не е регистриран ниту еден случај на починат од коронавирусот. Во земјата половина од населението е вакцинирано.

Според податоците на израелското Министерство за здравство, од почетокот на пандемијата во оваа земја починале 6.346 луѓе. Последен пат Израел немаше починати од COVID-19 кон крајот на јуни минатата година, по воведувањето рестрикции откако се случи првиот бран на инфекција.

Во меѓувреме, Израел постепено ги ублажува епидемиолошките мерки поради имунизацијата. Убедливо е најуспешната држава во светот по бројот на вакцинирани во однос на број на жители.

Scroll to Top