Приврзаници на Трамп вооружени со пушки се собрале пред домот на Државниот секретар на Мичиген

пред 3 години

Државниот секретар на американската сојузна држава Мичиген, Џоселин Бенсон, денеска објави дека неколку десетици вооружени демонстранти во саботата вечерта протестирале пред нејзиниот дом и извикувале обвинувања за изборна кражба.

Претставници на Мичиген, една од клучните американски сојузни држави на изборите, минатиот месец ги потврдија резултатите според кои победи Џо Бајден. Актуелниот американски претседател по одржувањето на претседателските избори на 3 ноември, тврди дека е измамен, но сојузни и федерални претставници ги отфрлија неговите тврдења.

Демонстрантите пред домот на Бенсон носеле транспаренти и извикувале „Запрете ја кражбата“.

– Барањата пред мојата куќа беа недвосмислени, гласни и заканувачки, напиша Бенсон на Твитер.
Главната обвинителка на Мичиген, Дана Несел ги обвини приврзаниците на Трамп дека се однесуваат како „толпа“ и во спротивност на „основниот морал и пристојност“.

Обвинителите во октомври објавија дека гувернерката на Мичиген, Гречен Витмер, која отворено се судри со Трамп за рестриктивните мерки поради Ковид-19, за време на изборната кампања беше мета на планирано киднапирање од страна на ултрадесничарска група.

Scroll to Top