Продолжуваат преговорите меѓу Лондон и Брисел

пред 3 години

По разговорите со британскиот премиер Борис Џонсон, претседателот на Европската комисија, Урсуа фон дер Лајан, изјави дека преговорите меѓу Брисел и Лондон ќе продолжат.

„ И покрај заморот по скоро една година разговори и покрај прекршувањето на сите рокови, заклучивме заедно дека во моментот единствената одговорност е да се продолжи“, рече Лајен.

Во своето вонредно обраќање од Брисел, таа истакна дека ЕУ и Велика Британија заедно им дадоа мандат на своите преговарачи да ги продолжат преговорите и да видат дали е можно да се постигне договор во „овој доцен момент“.

Преговорите меѓу ЕУ и Велика Британија за главните нерешени прашања за идните односи продолжуваат на ниво на главните преговарачи, Мишел Барние и Дејвид Фрост, во живо во Брисел.

Scroll to Top