Процесот за отповикување на Трамп продолжува во февруари

пред 3 години

Американскиот Сенат денеска усвои резолуција за правилата за прелиминарните процедури за судењето за импичмент на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, при што обвинителството и одбраната ќе ги изнесат своите аргументи во писмена форма.

Процесот против Трамп ќе продолжи на 9 февруари.

Осумдесет и тројца сенатори гласаа за резолуцијата, а 17 се изјаснија против.

Седницата на Горниот дом на законодавниот дом на земјата беше пренесуван во живо од американските телевизиски куќи.

Scroll to Top