Путин демaнтира вмешаност на Кремљ во труењето на Навални

пред 3 години

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска ги отфрли гласините и обвинувањата од Западот дека Кремљ е вмешан во труењето на опозиционерот Алексеј Навални, обвинувајќи ги американските разузнавачки служби дека ги поттикнуваат таквите тврдења.

– Да постоеше таква желба, тоа би било направено, истакна Путин.

Русија повеќе пати демантираше дека Навални е отруен на 20 август во Томск со токсичната супстанца Новичок, што беше детектирана во западните лаборатории по неговата хоспитализација во Германија.

Истражувачкиот сајт Белингкат (Bellingcat), заедно со Си-ен-ен и германскиот неделник Шпигел објавија истражување во кое утврдиле дека експерти за хемиско оружје на руските разузнавачки служби го следеле Навални со години, вклучително и летово во Сибир. Белингкат ги објави имињата и портретите на тие лица и нивните шефови.

Путин тоа го нарече „легитимизација на материјалите на американските разузнавачки служби“.

Тој додаде и дека Навални го обвинува Кремљ за труењето поради сопствениот политички рејтинг.

Scroll to Top