ВИДЕО: Францускиот премиер Кастекс ја прими првата доза од вакцината на „АстраЗенека“

пред 3 години

Премиерот на Франција, Жан Кастекс, денеска ја прими првата доза на вакцината „ АстраЗенека“ во болницата Бегин, во Сен Манде, близу Париз.

Вакцината треба да ги увери Французите во нејзината исправност, по краткиот прекин на имунизацијата со неа против Ковид-19.

-Не почувствував ништо, иако сум малку нежен, коментираше 55-годишниот премиер.

Два часа порано, Високиот орган за здравство (ХАС) даде зелено светло за продолжување на вакцинацијата „без одлагање“ со вакцината на „АстраЗенека“, истовремено препорачувајќи таа да биде резервирана за лица на возраст од 55 години и повеќе.

Scroll to Top