Рама не отстапува од она што го кажа за вакцините, и покрај тоа што Франција го нарече анти-ЕУ

пред 3 години

Не нападнав пријател, туку говорев за конкретната ситуација со вакцините и не остапувам ниту запирка од она што го кажав. Ова го истакна албанскиот премиер, Еди Рама, откако француската амбасада во Албанија го нарече анти-ЕУ поради неговите обвинувања за незантересираност на Унијата да им додели вакцини на земјите од Западен Балкан.

Албанскиот премиер вели дека Франција направила грешка, вадејќи го од контекст.

Француската амбасада се огласи по вчерашната изјава на Рама дека светот е неправеден кога станува збор за купувањето на вакцините и дека малите играчи секогаш се последни во чекалната.

Според Рама, тоа што во Албанија стигнале 1.000 дози е за пофалба, бидејќи Албанија е втора земја од регионот, после Србија која почнува со вакцинација на населението. Во таа насока, албанскиот премиер синоќа истакна дека Македонија добила ветување од Бугарија дека ќе и бидат донирани 100 дози од првата пратка која ќе стигнела кај нив, но тоа не се случува.

„Македонија не започна со вакцинација. Требаше да почне, но не се случи и тоа не е вина на Македонија. Бугарија ѝ даде збор дека ќе ѝ даде 100 дози, но се уште не ѝ дала. Ако ги имаше, ќе ги употребеа“, рече Рама.

Амбасадата порача дека критиките на Рама за недостиг на вакцини од ЕУ за Запен Балкан се опасен анти-ЕУ курс. Во рекацијата на Амбасадата на Франција се оценува дека не е нормално и коректно да се напаѓа пријател како Франција. Наведоа дека Рама тргнал кон опасен геополитички курс, бегајќи од ЕУ кон Турција.

 

Scroll to Top