Рама соопшти дека се обезбедени првите 500.000 вакцини и повторно ја искритикува ЕУ

пред 3 години

Албанскиот премиер Еди Рама на првиот ден од новата 2021 година,како што рече, албанските граѓани ги израдува со убава вест а тоа дека се обезбедни првите 500.000 вакцини од компанијата „Фајзер“.

-Албанија ги обезбеди првите 500.000 дози на вакцината од компанијата Фајзер. Мојот шопинг во Њујорк заврши успешно. Договорената количина ќе се плати веднаш врз основа на условите и стандардната постапка на компанијата со сите земји без исклучок. Првите 10.750 вакцини од овој договор ќе пристигнат во Албанија во третата недела од јануари, други 30.250 дози ќе пристигнат во февруари, а останатите, месец по месец според планот за вакцинација. Ова е најдобриот можен почеток на оваа клучна година за уништување на овој невидлив непријател, рече Рама.

Вакцинацијата, како што и претходно изјави,ќе се реализира во просторите на нацоналниот стадион „Ер Албанија“.

Најави дека продолжуваат разговори за набавка на други дози вакцини со други пријателски земји,не наведувајќи кои се тие.

-Би сакал да ве информирам дека во последните неколку дена ја гарантиравме подготвеноста на две партнерски земји за вкупно 9.000 дози во првата половина на јануари. Не можам да ги споменам имињата бидејќи денес новата динамика создадена со официјалниот договор со „Фајзер“, ќе влијае или не врз финализирањето на овие солидарни

операции од страна на две пријателски влади. Јас сум многу благодарен за овие две земји затоа што ниту едната ниту другата не се вбројуваат во најбогатите земји во Европа, но тие широкоградни сериозно да ги сфатат нашите молитви, посочи Рама.

Додаде дека во рекордно време ја надминале неповолната позиција од коде што почнале и оти јазот што го отворила апсурдната одлука на ЕУ, е морално неприфатлив, политички несфатлив и логично неоправдан.

-Како човечко суштество се чувствував огорчено и како Европеец се чувствувам засрамен. Како премиер на Албанија, се чувствував помотивирано од кога и да е да не дозволам Албанците да се чувствуваат исклучени од можноста истовремено да се бранат со другите европејци од оваа светска војна со ризик од смрт, рече Рама.

Тој претходно Рама за „ морално, политички, логички неприфатливата диференцијација што ЕУ ја направила на Балканот“ за тоа што Унијата ги оставила земјите од Западен Балкан да чекаат на вакцини се додека земјите-членки не обезбедат доволно за своите граѓани.

Scroll to Top