Русија ги седна на маса министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан

пред 4 години

Во Москва почна состанокот за Нагорно Карабах на министрите за надворешни работи на Русија, Ерменија и Азербејџан, Сергеј Лавров, Зохраб Мнацаканијан и Јејхун Бајрамов. Разговорите се водат во руското Министерство за надворешни работи. Азербејџанскиот и ерменскиот министер пристигнаа во Москва на покана на рускиот претседател Владимир Путин, но, како што претходно изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, не е планирана средба со Путин. Текстот Русија ги седна на маса министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан е превземен од А1он .

Scroll to Top