Русија прогласи за непожелни двајца вработени во колумбиската Амбасада

пред 3 години

Русија прогласи двајца вработени во колумбиската Амбасада за персона нон грата.

Чекорот е преземен како одговор на протерувањето на двајца руски дипломати од Колумбија, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Колумбискиот амбасадор во Москва Алфонсо Педро Лазаро Лопез Кабаљеро бил повикан во Министерството, каде му била врачена протестна нота против неоснованата одлука за протерување на двајца руски дипломати од латиноамериканската земја.

Руското Министерство за надворешни работи истакнува дека овој чекор не е во согласност со односите меѓу Русија и Колумбија, кои се темелат на традиционално пријателство и заемно почитување.

Повикувајќи се на колумбиските медиуми, светските агенции јавија дека двајцата руски дипломати протерани од Колумбија наводно биле вмешани во шпионажа.

Scroll to Top