САД до крајот на февруари ќе уплатат над 200 милиони долари за СЗО

пред 3 години

САД ќе уплатат над 200 милиони долари за Светската здравствена организација до крајот на февруари, соопшти американскиот државниот секретар Ентони Блинкен.

– Ова е клучен чекор напред во исполнувањето на нашите финансиски обврски како членка на СЗО и ја рефлектира нашата обновена посветеност за обезбедување на потребната поддршка на СЗО за предводење на глобалниот одговор на пандемијата, рече Блинкен, зборувајќи на Советот за безбедност на Обединетите нации.

– САД веруваат дека мултилатерализмот, ООН и СЗО се од суштинско значење, не само како ефикасен меѓународен здравствен и хуманитарен одговор на Ковид-19, туку и за изградба на посилни глобални здравствени капацитети и безбедност за иднината, рече Блинкен.

Блинкен посочи дека ова, исто така, ја одразува обновената посветеност на САД да обезбедат поддршка потребна за справување со пандемиската криза.

САД, кои во текот на многу години беа најголем донатор на Светската здравствена организација, ја напуштија СЗО минатата година, за време на мандатот на Доналд Трамп. Претседателот на САД Џо Бајден ја повлече одлуката за повлекување на САД од СЗО минатиот месец.

Scroll to Top