САД: Новавакс ја развива првата вакцина против мутираниот тип на коронавирусот

пред 3 години

Американската биотехнолошка компанија „Новавакс“, специјализирана за развој на вакцини, ја тестира својата вакцина дизајнирана посебно за борбат против новиот тип коронавирус, кој се пренесува полесно, а за првпат беше забележан во Велика Британија.

„Активно тестираме серуми против новиот вид во Велика Британија“, соопшти компанијата.

Во соопштението се наведува дека тоа ќе вклучува земање крв од учесниците во истражувањето кои примиле вакцина, а резултатите за ефикасноста на вакцината ќе се чекаат неколку недели.

„Новавакс“ на тој начин им се приклучи на фармацевтските компании, вклучувајќи ги „Фајзер“ и „Модерна“, кои исто така тестираат вакцини против овој вид.

Компанијата соопшти дека верува оти вакцината ќе создаде „имунолошки одговор на сите мутации на коронавирусот“.

„Новавакс“ претходно најави започнување на третата фаза на тестирање на нејзината основна вакцина против коронавирусот.

Scroll to Top