Се урна американски хеликоптер во северниот дел на Сирија

пред 4 години

Во северниот дел на Сирија се урна американски хеликоптер, јавија денеска сириските државни медиуми.

Сириската новинска агенција САНА јави дека хеликоптерот се урнал во село Тел Хадад во провинцијата Хасакех, а американски тенкови го затвориле пристапот до зоната.

Се уште не е позната причината за хеликоптерската несреќа, а американската армија се уште не го коментира инцидентот.

Извор: a1on.mk

Scroll to Top