СЗО ја одобри кинеската вакцина на „Синофарм“

пред 3 години

Светската здравствена организација ја одобри вакцината на кинескиот производител „Синофарм“ за итна употреба.

Вакцината, една од двете кинески вакцини што веќе се дадени на стотици милиони луѓе во Кина и во странство, е исто така и првата вакцина против коронавирус одобрена од СЗО, која не е развиена на Запад, пренесува „Ројтерс“.

Исто така, првпат СЗО одобри итна употреба на кинеска вакцина против заразна болест.

Фактот дека вакцината на „Синофарм“ се наоѓа на списокот на СЗО со итни вакцини е знак за националните регулатори дека е ефикасна и безбедна и ќе овозможи да биде вклучена во системот Ковакс, глобална програма за сиромашните земји.

СЗО досега одобри итна употреба на вакцини против Ковид-19, развиени од Pfizer / Biontek, Astrazeneca, Johnson and Johnson and Moderna.

Scroll to Top