Европските градови поканети да оддадат едноминутно молчење во чест на жртвите на коронавирусот

пред 3 години

Здружението „Eurocities“ ги повика градовите низ Европа во среда со едноминутно молчење да оддадат почит за жртвите од пандемијата на коронавирусoт.

„Една година по почетокот на пандемијата на коронавирус, мрежата градови ги поканува сите на европско минутно молчење. Заедничка комеморација ќе се одржи в среда напладне”, се вели на веб-страницата на „Eurocities“.

Еден од градовите што веднаш го потврди своето учество е Будимпешта. Градоначалникот Гергели Караксони на Фејсбук изјави дека овој гест е знак на признание за работниците од првите редови во борбата против коронавирусот.

Scroll to Top