Средба во Виена на лидерите на шест земји членки на ЕУ за вакцините

пред 3 години

Во Виена почна работната средба на австрискиот канцелар Себастијан Курц со премиерите на Бугарија, Бојко Борисов, на Чешка, Андреј Бабиш, на Летонија, Артурс Кришанис Каринш, на Словенија, Јанез Јанша и на Хрватска, Андреј Пленковиќ, соопшти бугарскиот премиер на својот профил на Фејсбук.

Според дописникот на МИА од Софија, фокусот на разговорот на шестмината премиери ќе биде правичната дистрибуција на вакцините против Ковид-19 врз основа на процентот на населението на секоја земја членка на ЕУ.

Средбата се оддржува во австриската престолнина откако во саботата Курц, Борисов, Бабиш, Каринш, Јанша, а подоцна и Пленковиќ, испратија заедничко писмо до председателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, и до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Во писмото лидерите на шесте земји го истакнаа значењето на европската солидарност, која гарантира дека сите држави членки, големи или мали, имаат еднаков пристап до ограничениот ресурс, каков што во моментов претставуваат вакцините против Ковид-19.

Во писмото, исто така, беше нотирано дека треба да се гарантира сите земји членки на ЕУ под еднакви услови да можат да ги постигнат заедничките цели за имунизација, определени од ЕК за второто тримесечје од годината.

Scroll to Top