Студент Евреин нападнат пред синагога во Хамбург

пред 4 години

Германската министерка за правда Кристина Ламбрехт го оцени денеска како ужасен акт на насилство нападот врз 26-годишен студент Евреин, пред синагога во Хамбург.

– Мораме дополнително да се спротивставиме на агитирањето против Евреите и да ги заштитиме жртвите на омраза и насилство, предупреди Ламбрехт.

Студентот е нападнат и добил удар во глава непосредно пред да влезе во синагогата, а потоа поради здобиени повреди бил пренесен в болница.

Полицијата уапси осомничен 29-годишен Германец со потекло од Казахстан, кој бил облечен во маскирна униформа и, како што се наведува во полициското соопштение, бил конфузен при првото сослушување.

Scroll to Top