Хакери од Северна Кореја се обиделе да ја нападнат АстраЗенека, компанијата што развива вакцина против коронавирусот

пред 3 години

Хакери од Северна Кореја се обиделе да продрат во компјутерскиот систем на британската фирма АстраЗенека, која разработува една од вакцините против коронавирусот, јавија денеска некои американски медиуми.

Хакерите се претставиле како регрутери од LinkedIn и WhatsApp и нуделе работа. Потоа, тие испраќале документи со описот на работните задачи, во кои се наоѓала штетна програма за добивање пристап до компјутерот. Се наведува дека обидите за пробив во компјутерскиот систем биле неуспешни.

Во светот се разработуваат повеќе од 200 вакцини против Ковид-19. До третата фаза успееја да дојдат само неколку компани, како германско-американската иницијатива на Бионтек и Фајзер, Модерна од Масачусетс, САД, АстраЗенека со Универзитот Оксфорд од Велика Британија и Центарот Гамалеи од Москва. Сите соопштија за висока ефективност на нивните лекарства.

Првите вакцинации од Ковид-19 во САД се очекува да започнат на 11 декември.

Scroll to Top