Схинас: Вакцината против Ковид-19 божиќен подарок за Европејците

пред 3 години

Вакцината против Ковид-19 ќе биде „божиќен подарок“ за сите Европејци, изјави потпретседателот на Европска комисија, Маргаритис Схинас.

Неговата изјава усели само еден ден откако Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека вакцината на Фајзер и Бионтек ќе ја одобри на 21 декември.

– Вакцината е божиќен подарок за сите граѓани на нашиот континентм посочи Схинас во интервју за Република.

Тој истакна дека ЕК вакцината ќе ја одобри со голема брзина.

– Во два дена ќе сработиме работа што обично трае два месеца, наведе Схинас, додавајќи оти вакцинацијата во сите земји-членки на ЕУ ќе почне околу 26 декември.

Италија, Германија, Франција, Шпанија, Белгија, Холандија, Луксембург и Швајцарија вчера објавија дека ќе го координираат почетокот на вакцинација.

Scroll to Top