Твитер со предупредување за честитката од Јанша за Трамп

пред 4 години

Твитер стави предупредување на твитот на словенечкиот премиер Јанез Јанша, во кој тој му честита на Доналд Трамп на победата на американските претседателски избори.

Во предупредувањето за ширење на потенцијално погрешни и штетни информации се наведува дека се уште немало официјални резултати за победата на изборите, кога бил објавен твитот.

– Сосема е јасно дека американскиот народ го избра Доналд Трамп и Мајк Пенс за уште четири години, напиша Јанша на Твитер.

Тој додаде дека колку повеќе се доцни и се негираат фактите од страна на медиумите, толку конечниот триумф на Трамп ќе биде поголем.

Исходот од американските избори е неизвесен, а во неколку сојузни држави, меѓу кои и Висконсин, кандадатот на Демократската партија, Џо Бајден го презеде водството од Трамп.

Scroll to Top