Трагедија во БиХ: Осум млади луѓе се загушиле од гас

пред 3 години

Најмалку осум млади лица починаа како последица на гушење од гас во Босна и Херцеговина, пренесуваат локалните медиуми.

„ Вистина е. Осум млади лица починаа“ потврдиле од Министерството за внатрешни работи на БиХ, за агенцијата Хина.

Како што пренесува порталот „Кликс“, во викендица биле пронајдени телата на осум тинејџери и дека се работи за ученици во четврта година во средно училиште и студенти.

Се претпоставува дека младите луѓе најверојатно се загушиле од гас од агрегат, преку кој се напојувала струја во куќата.

„Дневни Аваз“ објави дека трагедијата се случила во викендица во Паркот на природата Блидиње.

Scroll to Top