Трамп кратко се појави на Г-20 самитот, а потоа отиде да игра голф

пред 3 години

Американскиот претседател Доналд Трамп учествуваше на отворањето на годинешниот виртуелен Г-20 самит, што викендов се одржува во Ријад, Саудиска Арабија, а потоа добар дел од денот го помина на голф и праќање твитови, јави синоќа Си Ен Ен.

-Ова беше соодветен крај за неговата кариера во глобален мултилатерализам, наведува иронично телевизијата.

Самитот започна вчера пред 8 часот наутро источноамериканско време. Трамп беше еден од десетиците лидери кои се појавија на видео-конференцијата од Самитот, пренесуван онлајн поради коронавирусот. Тој беше во кабинетот во Белата куќа.

Но, по петнаесеттина минути, претседателот почна да твита по повод непризнавањето на изборите, а два часа подоцна замина да игра голф во голф клубот лоциран најблизу до Белата куќа, во северниот дел на Вирџинија.

Scroll to Top