Новиот шеф на Пентагон експресно се појави на работа, само еден час откако Трамп го назначи

пред 4 години

Новиот вршител на должноста секретар за одбрана на САД, Кристофер Милер, пристигна денеска во зградата на Пентагон, околу еден час откако претседателот Доналд Трамп објави дека го разрешил досегашниот секретар за одбрана Марк Еспер и го именувал Милер на позицијата.

Американските медиуми посочуваат дека Милер дошол во зградата на Пентагон по твитот на Трамп во кој тој објави дека го разрешил Еспер, по што, имајќи ги предвид нивните политички несогласувања, следувало „нецеремонијално заминување“ на шефот на Пентагон.

Милер на функцијата доаѓа од позицијата Директор на Националниот центар за борба против тероризмот.

Засега не се соопштени причините за смената на Еспер, но американските медиуми извесен период посочуваат дека не бил во добри односи со Трамп, а посебно не му се допаѓало што претседателот на САД често упатувал критики за функционирањето на НАТО.

Scroll to Top