Трамп ќе оди да види како се гради ѕидот кон Мексико, во првото појавување во јавност по упадот во Конгресот

пред 3 години

За првпат по минатонеделните немири во Конгресот на САД, претседателот Доналд Трамп денеска треба да се појави во јавност, и тоа во Тексас, во посета на изградбата на ѕидот на границата со Мексико.

На сајтот што ги следи работните активности на Трамп, се наведува дека претседателот денеска ќе работи од рано наутро до доцна навечер и ќе има многу повици и средби.

Трамп таму планира посета на пограничниот град за инспекција на градбата на ѕидот што тој нареди да се гради на границата со Мексико.

Во меѓувреме во Вашингтон, демократите во Конгресот продолжуваат со подготовките за негово второ отповикување. Процедурата со гласање за отповикувањето се очекува да се случи утре.

Избраниот претседател Џо Бајден пак, денеска нема да има јавни настани, само средби со советници за трансфер на власта, во екот на неговите подготовки за влез во Белата куќа, што треба да се случи следната недела.

Scroll to Top