Уште тројца адвокати на Трамп се повлекоа од тужбите за оспорување на изборните резултати

пред 3 години

Уште тројца адвокати кои ја претставуваат кампањата на претседателот Доналд Трамп побараа повлекување од неговата тужба со која се оспоруваат резултатите од изборите во САД во Пенсилванија, осиромашувајќи го неговиот адвокатски тим пред големото сослушување во судот.

Адвокатите вчера го поднесоа барањето во судот, додавајќи дека кампањата на Трамп се согласила тие да се повлечат.

Џена Елис, правна советничка во кампањата, рече дека промената е рутина.

– Претседателот во саботата објави дека побарал од градоначалникот Руди Џулијани да го води националниот правен тим, заедно со локален советник. Нашата замена на локалниот адвокат е во согласност со рутинското управување со сложените судски спорови, рече таа.

Таа не даде причини за замената, што следеше неколку дена откако реномираната адвокатска фирма Портер Рајт Морис и Артур, исто така, се повлекоа од случајот.

Федерален судија во Вилијамспорт ќе ги сослуша денеска аргументите во тужбата на Изборниот штаб на Трамп, поднесена на 9 ноември, со која сака да спречи демократот Џо Бајден да биде потврден за победник во претседателската трка.

Правни експерти велат дека судските процеси имаат малку шанси да го променат исходот од изборите, а високи правен советник на Бајден оцени дека станува збор за татралност, а не судски тужби.

Scroll to Top